Home » СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ преку Арсовска прекинува проекти за дечиња во социјален ризик во Скопје

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ преку Арсовска прекинува проекти за дечиња во социјален ризик во Скопје

by Журнал.мк

ВМРО-ДПМНЕ преку Арсовска не дозволува стотици деца бесплатно да летуваат и да се социјализираат на летен камп, проект на Здружението за хумано – општествен развој Проект Среќа кој во изминатите неколку години имаше финансиска поддршка од Град Скопје и претходниот градоначалник.

За жал, оваа година, овој проект за првпат не е поддржан од Град Скопје, бидејќи на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, стотиците вработувања за кои ќе се потрошат 670.000 евра, им се поважни од можноста десетици дечиња од социјално загрозени семејства бесплатно да летуваат.

Ако беше искрена, Арсовска ќе се откажеше од парите за партиски вработувања и ќе ги пренасочеше во проекти кои значат помош на граѓаните.

Ваквото однесување на Арсовска е показател за нула чувство за одговорност кон граѓаните.

Арсовска како и другите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажуваат дека не работат во интерес на граѓаните, туку се грижат само за личните и партиските интереси.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk