21.8 C
Skopje
Tuesday, July 5, 2022

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

Најчитани вести

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со крајно неодговорно однесување им нанесуваат штета на државните позиции и на националните интереси. Очигледно, Мицкоски жестоко одбработува за туѓи, странски интереси, кои не ѝ мислат добро на нашата земја, диригирани од анти-ЕУ и анти-НАТО центри на моќ, велат од партијата на власт.

„Изминатиот период јавноста е сведок на хистерично ширење на невистини поврзани со отворените прашања со соседна Бугарија и т.н. француски предлог, кој сè уште не е усогласен на ниво на сите членки на ЕУ и формално не е доставен до нашите институции. Се пласираат невистини за наводна бугаризација, за промена на македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, па дури се споменува и наводна цензура. Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, за тој да биде прифатлив за нас, клучни се неколку елементи, и тоа чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет“, се потенцира во соопштението од страна на СДСМ.

Историските прашања, додаваат од таму, не може да бидат критериуми во преговарачката рамка, преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред почнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот, цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, а секое решение ќе биде консултирано со институциите на Република Северна Македонија, појаснуваат од владејачката партија.

„Јавноста гледа дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Наштетуваат со ширење невистини, дезинформации и манипулации поради лични и партиски интереси“, е нагласено во писмениот допис од страна на СДСМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com