13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не градеше булевари и улици туку скапи споменици и фасади

Најчитани вести

Граѓаните многу добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ трошеше стотици милиони евра за „барокно Скопје“, а не на инфраструктурни проекти. ВМРО-ДПМНЕ не градеше подземни сообраќајници и булевари, зашто приоритет им беше „Панорамското тркало“ и „Панорамската кула на Водно“.

Граѓаните многу добро знаат кои се проектите на Коце Трајановски – барокните фасади, партискиот плоштад пред „Белата палата“, испустените градски плажи, исушените палми… Да, и криминалната фонтана на заменикот на Данела Арсовска – Сеад Кочан, фонтана од 2.5 милиони евра во која пропаѓаат возила.

Граѓаните препознаваат дека град Скопје се движи во вистинска насока, дека Шилегов ги решава децениските инфраструктурни проблеми и дека го спојува и поврзува Скопје како град за сите. Граѓаните препознават дека дека скопскиот воздух е многу почист, а градот многу позелен, откако на урбаната мафија од ВМРО-ДПМНЕ и беше одземена можноста да го масакрира зеленилото во Скопје.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат ниту во Скопје ниту во Општина Центар, каде што ги извршија најголемите урбанистички злодела, а „независната“ кандидатка со кампања финансирана од криминалната „Бела палата“ ќе доживее убедлив пораз на изборите на 17 октомври.

Градска организација на СДСМ

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com