Home » СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е симбол на расипништво, Мицкоски молчи за аздисувањето со народните пари

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е симбол на расипништво, Мицкоски молчи за аздисувањето со народните пари

by Журнал.мк

ВМРО-ДПМНЕ е пример на расипничко и криминално трошење на народните пари, со милијарди потрошени за криминални проекти, лажен барок, жални врби, кристални лустери, вртелешки и низа други непродуктивни работи.Христијан Мицкоси глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните, а во реалноста неговите градоначалници, во време на криза крчмат општински буџети на партиски вработувања и аздисување.

Ако толки се грижи за граѓаните Мицкоски, да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ парите од општинските буџети кои ги расфрлаат на партиски вработувања и расипнички набавки од стотици илјади евра, да ги пренаменат за потребите на граѓаните.
Може да почне со Орце Ѓорѓиевски и да му наложи да ги пренамени стоте илјади евра за авторски договори во Кисела Вода. Данела Арсовска да пренамени 670.000 евра наменети за партиски вработувања, Тимчо Муцунски 38.000 евра од набавката за компјутери, Александар Стојковски да ги врати оние 6.000 евра за чоколади и бонбони во општинскиот буџет.
Само од споменатите неколку општини се доаѓа до сума од 800.000 илјади евра, ако се земе предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во голем дел од општините тоа се сериозни средства.
Наместо да молчи, Мицкоски има обврска да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ во време на криза парите на народот да ги насочат кон помош на граѓаните.

Центар за комуникации, СДСМ

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More