11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

СДСМ: Арсовска не може принтери да обезбеди а не па проекти, толку од кадрите на Мицкоски

Најчитани вести

Поради неспособноста на Арсовска администрацијата на Град Скопје остана без печатачи. Град Скопје и целата администрација без 31 принтер значи проблем во обезбедувањето на редовните услуги од кои штета имаат граѓаните. Нејзиното неодоговорно работење ги остава вработените во Градот без средства за работа, а граѓаните без потребните документи. Одново на дело се покажа неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Толку е менаџерскиот капацитет на кадрите на Мицкоски. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обезбедат принтери во Град Скопје, а не пак да реализираат капитални проекти за градот и граѓаните.

Од партијата наведуваат дека освен што не реализира ниту еден свој проект, Арсовска прекина и веќе започнати проекти од претходниот градоначаник како што Бас рапид транзит, реконструкција на Универзална сала, реконстукцијата на улицата Есенинова…но затоа во време на криза троши 670.000 евра на вдомување на партиски кадри во Град Скопје.

Одамна е јасно дека Арсовска е најнепособната градоначалничка на Град Скопје, се вели во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com