14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

СДСМ: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се симболи за корупција

Најчитани вести

Партијата на Данела Арсовска ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за најкоруптивниот проект во историјата на Скопје – проектот „Скопје 2014“ за кој Груевски лажеше дека ќе чинел 80 милиони евра, за на крај да потроши околу 700 милиони евра на лажен барок!

„Белата Палата“ во која ги пишуваат пресовите на Арсовска е симбол на корупцијата, криминалот и непотизмот во Скопје – уништувач на модерно Скопје. И врапчињата на покривите знаат дека изборната кампања на Арсовска е финансирана од криминалната бела палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Данела Арсовска е исто така симбол на корупција – токму на нејзин предлог урбаниот мафијаш Сеад Кочан е изгласан за нејзин заменик-претседател на Сојуз на стопански комори.

Данела Арсовска досега нема спомнато ниту збор за коруптивните зделки на нејзиниот заменик Сеад Кочан и за коруптивните злодела на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, никој не и верува на Данела Арсовска дека ќе се бори против корупцијата, која царува во белата палата со велелепни лустери, црвени теписи, со махагони“.

Соопштение на Градска Организација на СДСМ

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com