28.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

СДСМ:Со реални економски политики до раст на платите и минималната плата

Најчитани вести

Минималната плата во кожарската, текстилната и чевларската индустрија, со новото зголемување е покачена за над 60 проценти.

Сега вработените во овие сектори ќе земаат плата повисока за 5.500 денари месечно, односно за 66 илјади денари годишно.

Политиките на СДСМ кои обезбедуваат раст на платите и повеќе пари кај граѓаните се на прав пат, ветувањата се реализираат. Минималната плата во сите сектори се зголемува на историски највисоко ниво досега од 14.500 денари.

СДСМ враќа пари кај граѓаните, кај работниците, наместо за споменици и жални врби како што тоа се правеше повеќе од 10 години.

СДСМ го враќа достоинството на работниците и втор пат во текот на својот мандат ја зголемува минималната плата, откако ја покачи за 3.500 денари, од 9 на 12.500 денари

Зголемувањето на минималната плата ќе ја намали сиромаштијата кај вработените и ќе го поттикне растот на сите плати.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на мерките што обезбедуваат економски раст, поголеми плати, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести