11.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

СДСМ:Платите продолжуваат да растат, над 1.700 вработени во социјалната заштита добиваат плати зголемени за над 4.300 денари

Најчитани вести

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на реформите што ги унапредуваат системите на детска и социјална заштитата. Платите продолжуваат да растат. Со јунската плата, стручниот кадар во градинките доби покачување од над 3.000 денари, со што над 3.100 лица кои се вработени како воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст добиваат значително повисоки плати.

Исто така, усогласено со Колективниот договор, повисоки плати добива и помошно техничкиот персонал во градинките. Продлжува и реализацијата на реформите кои го унапредуваат системот на социјална заштита, се враќа достоинството на професијата. Од јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во просек по вработен.

Зголемувањето на платите се спроведува согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 вработени. Веќе во септември предвидено е ново зголемување за 5 отсто.

Како одговорна партија остануваме посветени на унапредување на социјалната и детската заштита, градиме систем кој се грижи за децата и граѓаните .

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com