-2.1 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(37) од с.Палатица

Најчитани вести

Тетово, 19 декември- СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(37) од с.Палатица, тетовско, Н.Џ.(64) и А.Џ.(41), двајцата од с.Селце Кеч, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Во периодот од 12 до 27.12.2017 пријавените, во повеќе наврати преку банкарска жиро-сметка, по основ на купопродажен договор за локал, уплатувале парични средства во вкупен износ од 17.548.800 денари на жиро-сметката на фирма од Тетово, за кои немале економска оправданост, бидејќи првопријавениот и второпријавениот биле невработени, а третопријавениот бил вработен, но месечниот приход кој го добивал не ја оправдувала висината на вложените средства. Од полициски службеници било утврдено дека за паричните средства немаат конкретно потекло, а разделување на трансакциите било извршено со цел да ја избегнат должноста за пријавување на наведените финансиски средства.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести