14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Свилени трепки со руски волумен Lash to lash

Најчитани вести

Свилени трепки Lash to lash е метод на надградување на трепки со кои се лепат 3 или повеќе свиленкасти влакна на природните влакна од трепките.  Оваа метоа се разликува од класичната метода на трепки со руски волумен бидејќи се надоградува со техника Lash to lash и се постигнува густ и гламурозен ефект, без грутки и слепување.

Волуменските трепки укажуваат на екстензии кои имаат посилен ефект, односно дополнителен волумен. Рускиот волумен на трепки е назив на третман кој е осмислен пред само неколку години во Русија, а потоа поради ефикасноста и квалитетниот ефект се проширува во целиот свет, па и кај нас. Третманот подразбира посложен и посовршен процес на надградување на трепки. Изгледаaт толку природно што имате чувство дека се ваши. Едноставно, не чувствувате дека се вештачки.

 Даваат заводлив, волуменозен, раскошен и таинствен, како и дефиниран изглед. По надградбата со новите свилени трепки, можете да заборавите на маскарата, бидејќи нема повеќе да ви биде потребна. Овој специјален метод ќе ви го даде она што природата не можела со долготраен ефект.
Траат 1-2 месеци и со нив можете го да правите сето она што го правите секојдневно, да пливате, да се туширате, да се сончате без страв дека ќе ги изгубите. Единствено што треба, е да бидете редовни со надградбата на неколку недели. Природните трепки се обновуват на две до три недели, бидејќи со нив паѓаат и надградените трепки.

Како и за се друго, така и техниката на свилени трепки се усовршува своевремено и постепено се надоградува преку нови идеи. Доста често човечкото око се навикнува на она што го гледа подолго време, и многу е природно да посакува промена. Врз основа на ова, произлегуваат и нови методи на правење трепки, од типот на руски волумен, но со различна техника на изработка. Едни од најбараните нови методи се следниве:

– Doll effect

– Fox effect

– Cat eye

– Natural look

Со новите методи можеме да постигнеме од природен до гламурозен ефект, притоа надградбата да изгледа естетски природно. Сите овие ефекти ја отвараат и можноста да станеме уникатни, бидејќи секој ефект е различен од другиот, а облици на очи имаме премногу, така што на овој начин може да го изберете оној ефект кој што најдобро одговара на вашата природна линија на трепки.

Советува Сузана Блажевска од Центар за убавина Афродита С.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com