10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Светски рекорд: Електричниот Lucid Air минува 837 км. со едно полнење

Најчитани вести

Досега спомнувањето на електрични возила и опсегот со едно полнење најчесто се поврзуваше со Tesla и model S, но светскиот рекорд сега го поседува друго возило. Lucid Air Dream Edition со голема разлика ги победи Tesla Model S и Mercedes EQS.

Сега е и официјално, Lucid Air има рекорден домен со едно полнење на батериите. Електричниот седан, во верзијата Dream Edition Range, е способен да помине околу 837 километри, со едно полнење. Агенцијата за заштита на животната средина на САД ја презеде одговорноста за спроведување на тестови за траење на батеријата по построг стандард од циклусот WLTP усвоен во Европа.

Lucid постигнува неверојатни перформанси со тоа што јасно го победи Tesla Model S Long Range Plus, досегашниот електричен автомобил со најдобар досег. Овој рекорд сега значи и поголема автономија од онаа што ја објави Мерцедес за EQS (770 километри според циклусот WLTP).

Но, Lucid не се држеше строго до податоците на ЕПА, кои не претставуваат возење во реалниот свет. Така, американскиот производител спроведе сопствени тестови на кои еден новинар заедно со Питер Роулисон, извршен директор на фирмата, возеа две возила Lucid Air Dream Edition Ranges од Лос Анџелес до Сан Франциско, патување долго 716 километри, без да застанат на станица за полнење!

Останатите две верзии на Lucid Air, Dream Edition Performance и Grand Touring, исто така се тестирани од ЕПА. Опсегот на Grand Touring опремен со 19-инчни тркала, е особено извонреден, со 830 километри.

„Воодушевен сум што Lucid Air Dream Edition е официјално потврден од ЕПА со опсег од 837 км. број што мислам дека е рекорд“, рече Питер Равлинсон. „Ова беше особено возможно благодарение на технолошкото истражување на Lucid. Нашата батерија од 900V, технологијата BMS и минијатурни погонски единици, како и нашата технологија Wunderbox, му даваат висока ефикасност на Lucid Air, што му овозможува да помине поголема далечина со помала моќност“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com