15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Светски ден на лицата со церебрална парализа

Најчитани вести

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија денеска во „Даре Џамбаз” во Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со церебрална парализа.

– На 6 Октомври целиот свет го одбележува Светскиот ден на лица со церебрална парализа. Тоа е ден кога се преземаат активности со цел подигање на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа и потребата од подобрување на нивните права за независен, самостоен и целосно интегриран живот во општеството, истакнаа од „Мобилност.”

Претставници од „Мобилност Македонија”, Кабинетот на претседателот на Владата, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование, Народниот правобранител и Фондот за здравствено осигурување ќе се обратат пред лицата со церебрална парализа и нивните родители, чиј број заради почитување на мерките за заштита од ширење на корона вирусот ќе биде ограничен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com