7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата

Најчитани вести

Ковид-19 e присутен еден период од животот. Растот и последиците од нарушен раст се за цел живот, е мотото со кое Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – РАСТ на РМ се приклучува кон одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата. По тој повод за претпладне се најавени активности на плоштад Македонија во Скопје од каде ќе бидат испратени пораки за важноста од навременото дијагностицирање и лекување при проблемите со растот.

Од Здружението РАСТ укажуваат дека поради состојбата со пандемијата за жал многу хронични состојби остануваат да бидат надвор од фокусот. – Точно е дека мора да се справиме со најважните приоритети и проблеми, но не смее да дозволиме се останато да биде заборавено. Токму од таму и мотото на овогодинешното одбележување на 20 ти Септември – Светскиот ден на Растот. COVID 19 e присутен и ќе биде дел од нашиот живот со овој интензитет извесно време. Но ке помине. Еден ден , се надеваме многу наскоро, оваа голгота ќе заврши. Но децата растат сега, и сега е моментот кога може да им се помогне, Подоцна ќе биде касно. Растот и последиците од нарушен раст се за цел живот, наведува во соопштение Здружението РАСТ.

Како што информираат, оваа година првпат е обезбеден буџет од страна на Фондот за здравствено осигурување од над 58 милиони денари и е обезбедена терпија во просек за лекување на 150-160 деца. Голем чекор напред, резултат на нашите заложби како Здружение и секако конечно разбирање од страна на ФЗОМ и Клиниката за детски болести во Скопје, велат од Здружението РАСТ.

Оттаму упатуваат на светското искуство кое говори дека децата со нарушувањата на растот се соочуваат со сериозен проблем, а тоа е доцната дијагноза и ненавремено лекување. – Ненавременото лекување на ова заболување доведува до сериозни последици кои не се само проблем на детето и семејството туку проблем на целиот систем. Нарушувањето на растот е многу често најраниот симптом кој ни открива многу други заболувања кои стојат во позадина како причина. За многуте медицински причини повеќе ќе кажат експертите од оваа област, стои во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com