9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Светска премиера на новиот „Jeep Grand Cherokee“

Најчитани вести

„Jeep“ во среда официјално ја претстави новата, петта генерација на моделот „Grand Cherokee“.

Освен новиот, модерен дизајн, која веќе е претставен со луксузната „L“ верзија со 7 седишта на почетокот на годината, најважен новитет е оној во погонскиот систем.

Имено, по првпат еден „Grand Cherokee“ има „plug-in“ хибриден погон.

Хибридната верзија ја носи ознаката „Grand Cherokee 4xe“.

Во срце на погонскиот систем е 4 цилиндарски 2.0 литарски турбо-бензин мотор, кој, како и кај моделот „Jeep Wrangler 4xe“, е помогнат од два електромотори, додека електричната енергија се чува во батерија од 17 kWh.

Вкупната комбинирана сила на хибридниот погон е 380 КС.

Произведувачот тврди дека автомобилот во целосно електричен режим на возење може да помине околу 40 километри, а вкупниот радиус на хибридниот начин на работа достигнува 708 км.

Инаку, верзијата „4xe“ им овозможува на возачите да одберат еден од три начини на возење: хибриден, електричен и „eSave“

Во првиот случај, тркалата се движат со помош на електричен мотори и мотор на внатрешно согорување а автомобилот го оптимизира работењето на батеријата и бензинскиот агрегат за најдобар баланс на потрошувачка на гориво и перформански.

Во електричниот начин на работа, предност се дава на електричното возење а бензинскиот мотор се активира сако кога батеријата ќе се испразни или кога возачот бара силно забрзување.

Од друга страна, „eSave“ дава предност на погонот од моторот со внатрешно согорување, чувајќи ја батеријата за подоцна.

На домашниот пазар во САД, новиот „Grand Cherokee“ ќе биде достапен и со конвенционални погонски единици.

Основната верзија ќе има „Pentastar 3.6 V6“ мотор со 298 КС, додека во врвот на понудата ќе биде „V8“ мотор со капацитет од 5.7 литри и моќност од 361 КС.

Новиот „Jeep Grand Cherokee“ на американскиот пазар доаѓа до крајот на годината а во европските продажни салони во втората половина од 2022.

Се уште не е познато дали „Jeep“, освен хибридната верзија, планира и други погонски опции за Европа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com