Home » Светска банка со 1,78 милијарди долари помош за Турција

Светска банка со 1,78 милијарди долари помош за Турција

by Журнал.мк

Светска банка објави дека ќе обезбеди 1,78 милијарди долари помош и реконструкција за Турција по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 20.000 луѓе, а стотици останаа без покрив над главата во Турција и Сирија.

Светска банка соопшти дека 780 милиони долари веднаш ќе и бидат достапни на Анкара, бидејќи средствата ќе бидат пренасочени од два постоечки заеми на Светска банка во Турција.

Според портпаролот на Светска банка, се подготвува уште една милијарда долари помош за закрепнување и обнова на земјата, но ќе биде потребно повеќе време за да се организира таа помош.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk