Home » Светска банка: Македонија годинава со раст од 2,4%

Светска банка: Македонија годинава со раст од 2,4%

by Журнал.мк

Економијата на Северна Македонија годинава ќе забележи раст од 2,4 насто, проценува Светска банка во најновиот извештај за глобалните економски перспективи.

Економскиот раст во земјава благо ќе се забрза до 2,7 насто во 2024-та година и 2,9 насто во 2025-та година. Светска банка предвидува дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе ја заврши со економски раст од 2,6 проценти.

Клучни фактори кои влијаат на економските перспективи се влијанијата од војната во Украина, пониската лична потрошувачка, заострените глобални финасиски услови и послабата побарувачка во Еврозоната.

Од земјите во регионот, годинава најголем економски раст ќе забележат Косово 3,7 проценти и Црна Гора 3,4 насто. Во однос на глобалните перспективи, Светска банка очекува годинава економскиот раст да забави и да изнесува 2,1 проценти во однос на минатогодишините 3,1 насто.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More