28.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Светската музичка ѕвезда Ерос Рамацоти ја воодушеви македонската публика

Најчитани вести

„ Здраво Скопје, како сте? Фала ви што дојдовте, уживајте во забавата.“

Вака најголемата италијанска музичка ѕвезда Ерос Рамазоти го започна концертот во Скопје. Човекот кој е важи за најроматичниот пејач на публиката и понуди несекојдневно уживање со неговите најголеми хитови. Покажа и дека е мајстор за гитарата, а во текот на концертот на видео бимовите се појавуваше и пораката за енормното загадување на океаните и морињата, како и воздухот. Ерос е поборник за чиста околина и во дел од неговите песни провејува и тој момент како во песната „Приказна“. Преку едноминутно видео на бимовите се прикажуваа депонии од пластика и загадувањето во океаните. На крајот пораката беше ”Заедно можеме да се заштитиме”.

Публиката во преполната Арена, уживаше со неговите хитови од најновиот албум „Vita ce n’e“, но и безвременските хитови од осумдесетите и деведесетите „Un’ altra te“, „Cose della vita“, „Favola“, „Terra promessa“, „Quanto amore sei“, „Un attimo di pace“, „Аdesso tu“, „Un’ emozione per sempre“, „Fuoco nel Fuoco“, „Se bastasse una cancone“, „Musica e“, „Una storia importante“, „Piu bella cosa“, „Un angelo distesо al sole“.

Публиката особено жените, беа едногласни дека Ерос е најроматичниот пејач кој направи 35 годишна светска кариера, пеејќи на неговиот мајчин јазик. За него Италијаните велат, Ерос бил бог на љубовта, но Рамацоти е бог на музиката.

Скопскиот концерт е во рамки на неговата турнеја што почна во февруари годинава, ги опфаќа сите континетни, и го промовира најновиот студиски албум „Vita ce n’e“ што излезе на 23 ноември минатата година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести