7.8 C
Skopje
Wednesday, December 7, 2022

Сведоштво: Факт е дека придружбата заедно со персоналот им помогнаа на дел од пациентите да се евакуираат

Најчитани вести

“Дека пожарот изби многу бргу е факт, дека луѓе гореа живи, за жал, е факт, факт е дека моите, а и многу други избегаа низ прозорец, факт е дека колку и да го критикувате постоењето на придружба – придружбата заедно со персоналот им помогнаа на дел од пациентите да се евакуираат“, пишува тетовка чиј татко бил хоспитализиран во ковид-болницата што изгоре синоќа.

Девојката, чиј татко бил меѓу пациентите што биле хоспитализирани во модуларната болница во Тетово и се спаси, а чии изјави денеска се појавија во медиумите, се огласи преку социјалните мрежи за да ја раскаже својата приказна бидејќи, како што вели, не сака дел од медиумите да ѝ ставаат зборови во уста.

„Муабетот дека поради пукнат штекер настанал пожарот – да, кажав дека таков муабет слушавме, а сигурно и сите вие во Тетово слушате. Нo! Сестра ми и татко ми не виделе ништо, сè што сакале во тој момент и таа паника било да се спасат и во никој случај не тврдат дека тоа е причината за пожарот бидејќи, пак напоменувам, не виделе! Дека пожарот изби многу бргу е факт, дека луѓе гореа живи, за жал, е факт, факт е дека моите, а и многу други избегаа низ прозорец, факт е дека колку и да го критикувате постоењето на придружба – придружбата заедно со персоналот им помогнаа на дел од пациентите да се евакуираат“,вели девојката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести