21.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Сведочење за „Титаник“: Ниту еден од проверените не беше на пријавената адреса

Најчитани вести

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО, сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на лица на неколку адреси во градот и утврдил дека лицата ги нема на адресите.

– Проверките ги вршев на наведените адреси. Во 2012 година извршив проверка кај Љупчо Поп Гошев на 40 до 45 лица на улицата ‘Мите Богоевски’. Кај Љупчо, од сите 45 луѓе, ниеден не беше пронајден. Кај Сандре Темелковски имаше 25 до 30 луѓе. 78 луѓе од тие што ги имав за проверка, не беа на адресите, а беа во Избирачкиот список – сведочеше полицаецот.

Сведокот кажа дека му било наредено да извршат дополнителни проверки, но и тогаш не биле пронајдени.

Кранлиевски кажа и дека секојдневно по 50 до 60 луѓе кои не биле од Македонија, чекале пред полициската станица, и дека добил наредба да ги извадат на паркингот за да не прават метеж.

– Во разговор, истите лица кажаа дека нема да излезат надвор и дека се пуштени со нивните пасоши, по наредба на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко – се присети полицаецот.

Првото судење за „Титаник“ се одржа на 2 април 2018 година.

Во предметот „Титаник“ на СЈО, кој е во доказна постапка, покрај експремиерот Никола Груевски, за серија кривични дела поврзани со изборен криминал обвинети се ексзаменичката за правда, Билјана Бришкоска Бошковски, ексшефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, пратеникот Илија Димовски.

Обвинети се и поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, ексградоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, двајца од Агенцијата за разузнавање: Киро Тодоровски и Мунир Пепиќ, како и уште 11 други обвинети, вработени и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Илија Димовски и Леко Ристовски ќе треба солидарно да ѝ вратат на државата 2,2 милиона евра доколку кривичниот суд ги осуди за виновни во предметот „Титаник“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести