13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Свадби без оро, но и без музика – Музичарите дискриминирани во предлогот

Најчитани вести

Музичарите не се согласуваат со новиот протокол за работата на свадбарската индустрија, бидејќи се исклучени од него. Бараат и тие да добијат дел од колачот, односно да бидат опфатени со рестартирањето на угостителскиот сектор. Според нив, жива музика треба да има, но секако со почитување на здравствените протоколи.

Музичарите реагираат и дека поради корона кризата се препуштени на милост и немилост. Настапи речиси и да немаат, а приходите им се сведени на минимум.

Инаку вчера претставниците на рестораните за свадби го изготвија новиот протокол за работа. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број. Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маска. Работното време ќе биде до 21 часот. Се надеваат дека комисијата ќе го прифати протоколот, во спротивно, најавија дека од следната недела повторно ќе протестираат. Претходно освен свадбарите, протестираа и музичарите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести