6 C
Skopje
Saturday, April 17, 2021

Свадба со 300 гости сред пандемија, полицијата подготвува кривични пријави

Најчитани вести

Во струмичкото село Банско вчера полицијата прекинала свадба на која присуствувале околу 300 гости. Министерството за внатрешни работи најави и кривична пријава.

Како што соопшти МВР, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во село Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик.

Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

За настанот бил известен и јавен обвинител

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести