Home » СБ на ОН вечерва ќе заседава за Косово

СБ на ОН вечерва ќе заседава за Косово

by Журнал.мк

Советот за безбедност на ОН вечерва ќе дискутира за новиот, шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за работата на мисијата во Косово, УНМИК.

Во извештајот за периодот од 16 март до 15 септември годинава, што на седницата ќе го претстави шефицата на УНМИК, Каролин Зијаде, Гутереш укажува на нестабилната ситуација на терен, проследена со високи тензии и жестока реторика.

Гутереш предупреди на ескалација на тензиите на 31 јули, кога Србите од северниот дел на Косово поставија барикади на патиштата, незадоволни со одлуките на властите во Приштина за издавање влезно – излезни документи и задолжителна пререгистрација на возилата со косовски регистарски таблички.

„Случувањата од 31 јули на северниот дел на Косово, како реакција на одлуките на косовската Влада, поврзани со слободата на движење, беа сериозна ескалација што ја доведе ситуацијата до раб на конфликт со потенцијално трагични последици“, наведе Гутереш.

Тој во извештајот ги повика и двете страни на воздржаност и приврзаност кон дијалог поради намалување на ризикот од нови ескалации на тензиите.

Од усвојувањето на резолуцијата на 10 јуни 1999 година, телото до 2018 година за Косово расправаше четирипати годишно. Во 2019 имаше три седници на Советот за безбедност на ОН за Косово, додека од 2020 година, годишно се одржуваат по две седници.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More