21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Сајмон Кауел со години користи ботокс и филери: Лицето му е сосема ВКОЧАНЕТО и изгледа како постојано да е тажен!

Најчитани вести

Сајмон Кауел (61) со години користел ботокс, полнила и го затегнувал лицето, а како последица на сето тоа завршил со „тажно лице“.

Експертите од областа на естетската хирургија се согласуваат дека Кауел се одрекол од природно стареење и се свртел кон хирургија и филери. Тие беа гости во една британска ТВ-емисија и зборуваа за познати личности и употреба на ботокс и други естетски помагала.

Докторот Алекс Каридис зборуваше за последиците од естетските процедури кај славните, па го зеде за пример Сајмон, кој, како што вели, започнал да „изгледа постаро“ во триесеттите години.

„Околу линијата на вилицата, гледате преклопување и брчки, тоа е природен процес на стареење“, рече тој во програмата, покажувајќи ги фотографиите на стариот Сајмон.

Каридис понатаму вели дека претпоставува дека Сајмон со процедури се обидел да ја отстрани опуштената кожа во образите, но исто така и дека „тој очигледно не запрел кога требаше“.

„Можете да претерате со овие работи и вашето лице да изгледа премногу широко и неприродно“, рече тој, споредувајќи ги старите и новите фотографии на Сајмон.

Испитувајќи фотографија од музички магнат од 2006 година, д-р Сара Тонкс во истата емисија изјави: “На 46 години, нема линија на челото. Без брчки. Па или тој имаше живот без стрес или има ботокс. Дефинитивно немаше живот без стрес. Откако продолжи со ботокс, до 2012 година веѓите почнаа целосно да му паѓаат “.

Таа додаде дека Кауел веројатно направил уште неколку грешки на патот со козметички третмани, а резултатот е спуштени веѓи кои му помагаат на „тажното“ лице.

Продолжувајќи понатаму, двајцата лекари коментираат како славните се обидуваат да изгледаат помладо.

Sajmon Kauel

“Мислам дека ставал филери за да ги подигне образите. Можете да претерате и вашето лице ќе изгледа премногу широко и неприродно”, рече Кардис, покажувајќи фотографија од Сајмон од 2016 година.

“Пред тоа, тој имал ботокс на челото, но тие го изоставија пределот околу очите. Сега изгледа како обид да се омекнат брчките околу неговите очи. Овие две работи заедно даваат навистина тажен изглед”, додаде д-р Тонкс .

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести