10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Сајкоски: Да гласаме за промени, ДА ЈА СМЕНИМЕ ОВАа НЕНАРОДНА ВЛАСТ

Најчитани вести

Ве убедувам дека докторот Мевмед Џафери ќе биде градоначалник, ве убедувам дека ќе имаме советничка листа која ќе има најмногу гласови и заедно ќе работат со градоначалникот за граѓаните, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ на митингот во Маврово-Ростуше.

„Само така со работата може да ги поразиме, да им кажеме дека им биле лоши политиките во здравството, во образованието, треба да ги поразиме за нереализираните инфраструктурни проекти, за криминалот, за корупцијата, со тоа ќе им подариме на нашите деца иднина каква што заслужуваат“, рече Сајкоски.

Според него со докторот Џафери Маврово – Ростуше може да биде просперитетна општина, со него ќе профункционира системот, хаосот ќе престане.
„Сега е моментот да ги поразиме, бидејќи ништо не направија откако се на власт, да ги поразиме за да донесеме нова иднина за Маврово – Ростуше. Јас знам дека тоа го можеме и ни треба силна поддршка за силна победа“, кажа Сајкоски.

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на 17 октомври.

„Не треба да оставиме на случајности, ние сме тие кои одлучуваме. Ние бараме промени за да ја направиме нашата држава подобра, ние бараме промени за да ги поразиме елитите. Мора да ја поразиме оваа ненародна власт затоа мора да гласаме за број 7 на 17 октомври“, рече Сајкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com