Парољупци!
Тогаш, во 2015 година, влезе Инспекторатот во „Гранд“, побара да види колку пари добива Дарко Лазиќ на својата сметка. А на сметката добил, мислам, околу 140.000 евра. На инспекторот му беше прилично сомнително тоа. Потоа ме праша: „Чекај, како е можно само толку, постојано слушам дека Лазиќ добива многу, многу повеќе?! Каде се другите пари?“
Балканското ТВ-шоу „Звезде Гранда“ сега е на подолга летна пауза. Кон крајот на септември ќе започне новата сезона, и ние во Македонија ќе го следиме целиот тој настан во текот на зимата, на фреквенцијата на телевизија „Сител“.
Првиот човек на ова шоу, зад кое во сенка стои и популарната Лепа Брена, неодамна јавно раскажа за проблемите со кои се среќаваат. Најмногу, се разбира, поради парите. Саша Поповиќ зборуваше за исплатата на хонорарите за пејачите, но и за членовите на жирито.
– Доколку на нечиј настап доаѓаат повеќе од илјада луѓе и ја знаат секоја негова песна од збор до збор, тогаш почитувај го тоа како пејач. Но, често не е така. Младите сакаат брзо да заработат големи пари. Јас се изнамачив во животот додека дојдов до големи пари. Меѓутоа, кога има свадби, веселби, раѓања, крштавки… бакшишот што го добиваат пејачите на тие настани да не се третира од даночната инспекција. Тоа е подарок. За добар бакшиш, пејачите сè ќе направат. И оној Џани пие алкохол од чевелот, па Теа Таировиќ, Љуба Аличиќ, Рада Манојловиќ, Дарко Лазиќ. Кога веќе го споменав Дарко, поради него, нашата продукција имаше големи маки со Даночната инспекција. Поради неговиот мрсен бакшиш!
–
Тогаш, во 2015 година, влезе Инспекторатот во „Гранд“, побара да види колку пари добива Дарко Лазиќ на својата сметка. А на сметката добил, мислам, околу 140.000 евра. На инспекторот му беше прилично сомнително тоа. Потоа ме праша: „Чекај, како е можно само толку, постојано слушам дека Лазиќ добива многу, многу повеќе?! Каде се другите пари?“ Јас му одговорив дека другите пари се во вид на бакшиш, дека тоа е доброволен чин за кој не се плаќа данок, туку тие пари се третираат како „црни“ пари.
Значи, само за „бели“ пари се плаќа данок, се знае потеклото на тие пари. Не мора да се знае за бакшиш од 160.000 евра, ниту да се плати нешто кон државата. Може секој да располага со тие пари како што сака. Едвај се разбравме, но психички лошо поминав. Знам колку нерви загубив и колку килограми ослабев поради големите нервози. Само затоа што Лазиќ одеше наоколу и се фалеше со „мрсниот“ бакшиш – раскажа Поповиќ, кој и оваа година летува семејно во својата луксузна вила во Опатија, на Јадранското Море.