Home » Саша Поповиќ: Ме китеа со пари, на свадби заработував бакшиш од 15.000 евра

Саша Поповиќ: Ме китеа со пари, на свадби заработував бакшиш од 15.000 евра

by Журнал.мк

Саша Поповиќ открива дека во неговата музика кариера како хармоникаш го заработил најголемиот бакшиш од 15.000 евра. Тој беше дел од бендот „Слатки Грех“ кој свиреше настапи и концерти со Лепа Брена.

Поповиќ бакшишот го добил на свадба во Бачко Добро Поље го накитиле со 15.000 евра, но во исто време го натерале да пешачи и да пее цели четири километри.

„Најголемиот бакшиш го добив во 1978 година во Бачко Добро Поље, свиревме на свадба. А кумот на свадбата рече: „Кој е хармоникашот?  – Дојди овде, одиме во општина, таму има свадба, па ќе свириш со оркестарот кога ќе се вратиме. Јас прашувам во која кола да се качам, а тој вели: „Нема кола, ќе одиме пешки два километри, а вие попатно ќе свирите“, раскажал Саша во една телевизиска емисија. „Ме китеа со пари, два километри натаму, два наваму. Тогаш имаше многу пари, имаше брда со марки . Во тоа време на мојата хармоника имав 2.000 марки, што сега ти е како 15.000 евра. Го земам бакшишот и го ставив во џеб, а потоа го поделивме иако сакав да задржам се за себе“, додал тој.

Поповиќ денес е еден од најмоќните луѓе на јавната сцена, кој во емисијата „Премиер“ зборуваше како српските пејачи добиваат бакшиш, и што се прават за да добијат што поголем бакшиш. Како пример го спомна српскиот пејач Џани кој се напи пијачка од туѓ чевел.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More