15.3 C
Skopje
Wednesday, May 12, 2021

Саша Матиќ купи вила од 18. век

Најчитани вести

Фолк-пејачот Саша Матиќ купил вила од 18. век во Пераст, Црна Гора, во која некогаш одморал Петар Петровиќ Његош. Вилата, која е веднаш до морето, пејачот веќе ја реновирал и со семејството наскоро ќе замине во новиот дом, пишуваат српските медиуми.

Според близок пријател на Матиќ, негова голема желба била еден ден да има куќа покрај море. Кога дознал дека вилата во Пераст се продава, веднаш ја купил. На пејачот посебно му се допаднало што во неа пред многу години одморал Петар Петровиќ – Његош.

Инаку, српскиот пејач со семејството живее во Белград. Тој често патува заради концертите, а освен во Србија, најмногу настапи има во Босна и во Црна Гора. Текстот Саша Матиќ купи вила од 18. век е превземен од Reporter.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести