7.8 C
Skopje
Wednesday, December 7, 2022

Саутгејт не штеди пофалби: Сѐ беше фантастично, пресреќен сум!

Најчитани вести

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт блескаше од задоволство поради победата против Германија и пласманот во четвртфинале на Европското првенство (ЕП).

„Гордиот Албион“ славеше против големиот ривал на „Вембли“ со 2-0 со головите на Рахим Стерлинг и Хари Кејн.

„Пресреќен сум што ги направивме среќни навивачите на стадионот. Знаеме низ што минува нашата држава во последно време, па затоа ова е посебен ден“, вели Саутгејт.

Саутгејт не штедеше пофалби за екипата.

„Играчите беа одлични, играа како што треба. Бевме агресивни постојано, притискавме на нивните надворешни фудбалери и им направивме проблеми. Добро се движеше топката, Рахим и Букајо на крилните позиции беа одлични“, кажа англискиот селектор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести