Хари Мегваер повторно е топ тема во фудбалска Англија. И овој пат стоперот на Манчестер Јунајтед го привлече вниманието со неспретните реакции откако си постигна автогол во победата над Шкотска со 3-1.
А, како и претходно и овој пат селекторот на Англија, Герет Саутгејт застана во одбрана на репрезентативецот, а упати и остри критики кон оние кои го исмеваат.
„Имаше фантастичен настап против Украина викендот. Оваа реакција е последица на идиотите надвор од кругот на тимот кои направија ваква атмосфера. Ми се допадна тоа што наши навивачи застанаа во негова одбрана, тоа треба да и да го прават“, изјави Саутгејт па додаде:
„Им правиме непотребен проблем на нашите играчи. Некои вести, некои коментари се напишани со цел на исмевање. На Мегваер секогаш можевме да се потпреме во текот на едни од најуспешните години на англскиот фудбал. Навивачите на Шкотска можам да ги сфатам, тие се забавуваат, но воопшто не ми е смешно тоа што си го правиме сами на себе. Оставете го на мир“.