13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Саутгејт бара подобрување на играта

Најчитани вести

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт не го криеше задоволството по победата на „Вембли” со 7:0 над Црна Гора. Тоа беше успехот што го завери пласманот на „Гордиот Албион“ на завршницата од ЕП 2020.

– Игравме комбинирано, добро си подававме и ладнокрвно ги завршувавме ситуациите, што ги создававме. Во минатото, имавме проблеми против екипи кои се аутсајдери и делуваат многу дефанзивно. Но, сега имаме играчи способни да се справат со секоја одбрана. Ја освоивме нашата група без многу стрес. Секако, има работи што треба да ги подобриме. Играта без топка е меѓу нив. Важно е дека работиме и се стремиме да се развиваме постојано, изјави англискиот селектор.

Во последниот квалификациски дуел, Англија ќе му гостува на Косово во натпревар, кој нема важност за двете екипи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести