9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Саудискиот принц, Бин Салман нуди вртоглава сума на пари за Манчестер Јунајтед

Најчитани вести

Саудискиот принц, Мухамед бин Салман сака да биде идниот сопственик на англискиот клуб Манчестер Јунајтед и за тоа е подготвен да прати неверојатна сума од над 4 милијарди евра.

Британски „Мирор“ пренесува дека Мухамед Бин Салман веќе понудил 3 милијарди долари, но бил одбиен, па затоа се очекува во следните недели на пристигне нова повисока понуда од страна на саудискиот принц.

Тимот на Црвените ѓаволи веќе подолг период се наоѓа во катастрофална ситуација, бидејќи и покрај огромните фрлени пари за нови засилувања последниве неколку години не се постигнати никакви резултати, а клубот наместо до врвот се поблиску е до просечните екипи.

Фановите се гневни на овие состојби и од начинот на кој функционира тимот по заминување на Алекс Фергусон, тие за најголем виновник го сметаат семејството Глејзер, па често пати на „Олд Трафорд“ може да се слушнат нивните апели да заминат.

„Колку што знам, семејството Глејзер нема намера да го продаде клубот. Неодамна излегоа со долгорочни планови, не постои нова конкретна понуда за купување на Јунајтед“, изјави Ед Вудворд, извршниот претседател на клубот.

Знаејќи дека Саудијците не штедат пари кога станува збор за фудбалот, се очекува саудискиот принц да прати понуда со вртоглава сума на пари, па останува да се види како ќе реагираат челниците на Јунајтед по новата понуда од Саудиска Арабија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com