9 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Саркози обвинет за корупција и злоупотреба на функцијата

Најчитани вести

Поранешниот француски претседател Николас Саркози не успеа да го избегне судењето врз основа на обвиненијата за корупција и злоупотреба на функцијата, изјави неговиот адвокат во средата. Ова е првпат во модерната историја на Франција еден поранешен претседател да се соочи со обвиненија за корупција на суд.

Саркози е обвинет дека на судија му понудил помош да добие унапредување во Монако во замена за информации.

Касационскиот суд рече дека во случајот на Саркози, неговиот адвокат Тиери Херцог и поранешниот судија Жилберт Азибер судењето е оправдано.

Судењето треба да почне следниот месец во Париз, но за сѐ уште не е одреден конечен датум.

Саркози не е првиот поранешен претседател што се соочува со обвиненија. Во 2011 година неговиот претходник Жак Ширак доби двегодишна условна казна за проневера и злоупотреба на јавните средства за време на неговиот мандат како градоначалник на Париз.

Случајот беше отворен кога истражителите ги прислушуваа телефоните на Саркози и Херцог со цел да ги испитаат тврдењата дека поранешниот претседател добилл милиони евра за неговата изборна кампања во 2007 година од починатиот либиски лидер Моамер Гадафи.

Истрагата откри дека Саркози често комуницирал со Херцог на телефонски броеви купени под лажни имиња. Поранешниот претседател тврдеше дека не треба да оди на суд бидејќи судијата Азибер не ја добил работата во Монако.

Но, истражителите веруваат дека договорот пропаднал бидејќи Саркози и неговиот адвокат сфатиле дека телефоните им се прислушувани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести