Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, го даде првото големо интервју по доаѓањето на новата позиција. Тој го наследи Масимилиано Алегри на клупата на „бјанко-нерите“ и предизвика низа негативни реакција за тоа колку ќе биде успешен со новиот клуб.
– Скептиците ме опкружуваат насекаде. Беа во Емполи, Наполи и Челзи. Се преселив во Јувентус од Челзи. Сега има помалку скептицизам, но сè уште очекувам одредени негативни реакции. Во фудбалот, знам само еден начин да се ослободам од скептицизмот: да победувам и да победувам. Сè што можам да направам е да направам шоу, изјави Сари.
Тој со Јувентус ќе се обиде да ја продолжи доминацијата во италијанскиот фудбал во последната деценија, но ќе се обиде и да ја освои Лигата на шампионите, нешто што не му успеа на неговиот претходник.