25.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Сари: Пушев по 60 цигари дневно

Најчитани вести

Италијанскиот стратег Маурицио Сари од неодамна е тренер на Јувентус.

Сари во јавноста најмногу е познат по својата зависност од пушење цигари, а во едно интервју после седнувањето на клупата на Јувентус тој откри дека пушел по 60 цигари дневно.

„Пушев по 60 цигари дневно и тоа е премногу. Не чуствувам некоја потреба да запалам цигара во текот на натпреварот, но после натпреварот ми е неопходно“, изјави Сари.

Поранешниот тренер на Наполи потоа зборуваше за неговиот начин на размислување за фудбалот.

„Мојот начин на размислување за фудбалот е малку поинаков. Морам да разберам колку новости можам да внесам, а колку да им оставам простор на играчите. Би сакал да го видам Пјаниќ со по 150 допири со топката по натпревар, но и целиот тим мора да биде организиран за тоа да се случи. Во последните 30 метри им оставам многу слобода играчите. Секоја екипа е како дете. Се надевам дека ќе продолжиме да победуваме, да победувам повеќе отколку што Јувентус победуваше претходно ќе биде многу тешко“, порача Сари.

Со Јувентус Сари потпиша договор на три години и секако за него примарна цел во неговиот мандат ќе биде освојувањето на Лигата на шампионите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com