Второродената љубов на Сара Мејс и Димитар Атанасовски, бебенцето Кирил наполни една година.
Како да беше вчера кога Сара од роденденска прослава директно замина на породување кога набрзо потоа се роди Кирил, а мама се уште беше дури со шминка.
Сега бебето кое ги направи среќни и горди после дада Илина, е потпораснато, во фаза на проодување и со неколку запчиња кои го прават неодолив.
За малиот шармер мама и тато приредија роденденска прослава во семејниот дом во Пинтија каде беа поканети сите што им се драги.
Разбирливо, членовите на семејствата главни и прва рака за се’, па дури и во забавата каде беа главните ѕвезди на вечерта.
Дедо Тони и дедо Љупчо ја донесоа атмосферата на ниво кога помнесени од радост се впуштија во танц и тоа заеднички.
Овој момент не се пропшташе да се сними со видео кое Сара го објави по неколкуте серија фотографии на својот Инстаграм.