23.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Сан Франциско – прв американски град каде е забрането пушење електронски цигари

Најчитани вести

Градскиот совет на Сан Франциско гласаше привремено да биде забранета продажбата на електронски цигари. Таква мерка се воведува за првпат во американски град, јави ДПА.

Забраната гласи дека „во Сан Франциско никој нема да има право да продава или дистрибуира електронски цигари на никого”, освен ако производот е проверен и одобрен од Управата за контрола на храна и лекови.

Претходно овој месец Управата издаде директива според која производителите на електронски цигари треба да аплицираат за одобрување пред да почнат да ги продаваат своите производи.

Забраната влегува во сила 30 по потпишувањето од градоначалникот, но се очекува да почне да дејствува целосно за околу половина година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com