18 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Санчо во рок од една година добива уште еден договор со двојно покачување

Најчитани вести

Борусија Дортмунд ќе направи сè само да го направи среќен Џејдон Санчо и да го задржи во клубот што е можно подолго.

Откако се пресели во Бундеслигата пред две години од Манчестер сити, според неговиот прв договор заработуваше 1 милион евра по сезона. Лани во октомври Дортмунд му понуди нов договор со тројно поголема плата, односно три милиони по сезона до 2022 година.

Германските медиуми велат дека бундеслигашот сега му нуди уште еден договор на Санчо со двојно поголема плата, односно шест милиони годишно. Се очекува Англичанецот наскоро и да стави потпис за продолжување на соработката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести