17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Сансоне чека повик од Милан: Не мора да ме купат, може и позајмица… само да играм во Лигата на шампиони!

Најчитани вести

Напаѓачот на Болоња, Никола Сансоне се шегува откако му донесе предност на Милан во битката за Скудетото, вели дека чека повик од „росонерите“ за следната сезона да игра во Лигата на шампиони.

Милан сам одлучува за титулата во Серија А откако вечерва Болоња го изненади Интер. Голманот Раду е трагичар, направи голем кикс и му овозможи на Никола Сансоне во 81. минута да донесе победа од 2-1 за домаќините.

По крајот на натпреварот, напаѓачот реши малку да се пошегува и испрати барање до Милан.

„Се надевам дека Малдини или некој од Милан ќе ми се јави и ќе ми каже благодарам. Може и да ме ангажираат, не мора да ме купат, може и позајмица за да играм во Лигата на шампиони“ – изјави Никола Сансоне.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com