17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Санкционирани 213 возачи на мотоцикли, 56 возеле без возачка, а 103 без заштитна кацига

Најчитани вести

Во зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија спроведена во текот на вчерашниот ден за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, санкционирани се 213 возачи.

Како што соопшти МВР, од санкционираните, 56-мина возеле без возачка дозвола, 103 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести