3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Сандра Булок се потсети на гестот со кој Киану Ривс ја воодушеви пред 25 години

Најчитани вести

Булок изјави за Esquire дека еднаш во разговор со Киану рекла дека никогаш не пробала тартуфи или шампањ.

Неколку дена подоцна Ривс пристигнал со мотор пред нејзината куќа, со цвеќиња, шампањ и тартуфи во раката. „Тој рече: „Само помислив дека можеш да пробаш шампањ и тартуфи, за да видиш какви се…““, рече Булок. Тоа се случило пред околу 25 години.

Во 2018 година, актерката признала дека се заљубила во Ривс додека заедно го снимале Speed. Мислела дека тоа не е взаемно. Малку подоцна, сепак, Ривс потврдил дека тоа било всушност взаемно. „Таа не ни знаеше дека сум заљубен во неа“, раскажува тој.

Ривс го следи имиџот на еден од најдобрите луѓе во Холивуд. Неодамна ја изненади филмската екипа која работела со него со скапи подароци – за секого купил по еден часовник Ролекс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com