23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Сампаоли ќе биде нов тренер на Олимпик Марсеј

Најчитани вести

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Аргентина, Хорхе Сампаоли ќе биде нов тренер на француски Олимпик Марсеј. Неговиот договор со клубот е целосно договорен, зделката е завршена, само се очекува официјалната промоција.

Во наредните денови Сампаоли ќе ја напушти тренерската позиција во бразилски Атлетико Минеиро каде е тренер во моментов. Французите ќе му платат на бразилскиот клуб 650.000 евра како отштета за предвремениот раскин на договорот со Сампаоли, кој, пак, ќе потпише договор со клубот за период од две години.

Претходно, Сампаоли беше селектор на Аргнетина и Чиле, како и тренер на Сантос, Севилја, Универсидад, Емелек, О’Хигинс и други екипи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести