Денеска пристигнува нова количина на вакцините „Фајзер“, а до крајот на неделата, се очекуваат 500.000-те вакцини од „Синовак“. Според најавите на министерот Филипче, со половина милион вакцини од „Синовак“ ќе се вакцинираат околу 450.000 граѓани, пријавени на веб-платформата vakcinacija.mk. Во државата се аплицирани околу 450.000 дози, а ревакцинирани над 180.000 граѓани.
Според податоците на Министерството за здравство, една доза вакцина имаат примено 48 отсто од граѓаните над 70 години, 42 проценти од оние над 65 години и 35 отсто од населението над 60-годишна возраст.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155 536, бројката на оздравени пациенти е 149 628, на починати е 5471, а бројот на активни случаи изнесува 437.
Во Скопје има 189 активни случаи, Куманово – 52, Прилеп – 33, Тетово – 28, Кичево-26. Во осум градови, Кавадарци, Ресен, Берови, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран, нема ниту еден заразен, во три града, Валандово, Македонски Брод и Крушево, само по еден активен случај.
Покрај намалувањето на новозаразени лица, сè е помал бројот и на ковид-пациентите кои се лекуваат во болниците низ државата. На болничко лекување во целата држава се 105 пациенти, од кои 37 се во Скопје.
Во претходното деноноќие од коронавирусот, во Скопје е хоспитализиран само еден пациент – во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“.
Во главниот град, 22 пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника, 14 се лекуваат во ГОБ „8 Септември“ и двајца на Институтот за ТБЦ. Има околу 90 слободни места.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 68 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19 – во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, во Штип и во Струга по пет, Тетово и Прилеп имаат по тројца пациенти, Велес и Охрид по шест, Куманово 18, Гостивар има осум, Струмица девет, Кичево еден, а во Кавадарци и Гевгелија нема хоспитализирани.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68611, активни 189
Куманово 8868, активни 52
Прилеп 8318, активни 33
Тетово 7232, активни 28
Битола 6304, активни 18
Велес 5471, активни 3
Гостивар 5180, активни 14
Кавадарци 5153, активни 0
Охрид 5011, активни 19
Штип 4959, активни 2
Струмица 4113, активни 6
Струга 2981, активни 4
Кочани 2791, активни 4
Кичево 2578, активни 26
Гевгелија 2195, активни 3
Неготино 2184, активни 4
Свети Николе 1523, активни 1
Ресен 1234, активни 0
Крива Паланка 1222, активни 2
Радовиш 1161, активни 7
Берово 1029, активни 0
Делчево 972, активни 4
Дебар 941, активни 2
Виница 886, активни 5
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 666, активни 1
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 1
Демир Хисар 400, активни 3
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 376, активни 3
Македонски Брод 359, активни 1
Пехчево 268, активни 0
Македонска Каменица 249, активни 2
Дојран 132, активни 0