Home » Само Моника Зајкова е кандидатка за претседател на ЛДП, потврди Пенов

Само Моника Зајкова е кандидатка за претседател на ЛДП, потврди Пенов

by Журнал.мк

Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија (ЛДП), Ристо Пенов, соопшти дека за десетина дена ќе се одржи конгресот на партијата, на кој се очекува да се избере нов партиски лидер, а актуелната пратеничка Моника Зајкова е единствен кандидат.

– Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на партијата. Јас нема да се кандидирам. Треба млади и свежи идеи и сили, како ние кога сме ја правеле инфраструктурата на партијата, рече Пенов во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

За доскорешниот претседател Горан Милевски, кој поднесе оставка од партиската функција и од функцијата министер за локална самоуправа, Пенов рече дека бил против „Францускиот предлог“ и дека неговиот став не поминал низ органите на партијата.

– Ако си против Францускиот предлог, а Владата го усвојува, тогаш каде ти е местото? Неговиот став не помина низ органите. Пратениците гласаат „За“, се определија за Европа, за чекор понатаму, рече Пенов.

На прашањето дали Милевски ќе биде предложен за амбасадор, Пенов одговори: „Во постапка е“.

– Предложен е, во некоја постапка е, рече Пенов.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More