Home » Само еден модел на iPhone 14 не доаѓа со поголема батерија

Само еден модел на iPhone 14 не доаѓа со поголема батерија

by Журнал.мк

Се очекува Apple да ја претстави серијата iPhone 14 наесен оваа година. Дознавме дека ќе вклучува четири модели – iPhone 14, iPhone 14 Max, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max.

Споменатата серија треба да донесе одредени подобрувања, а сега дознаваме дека едно од нив би можело да биде и подобрувањето на батериите. Дојавувачот ShrimpApplePro известува дека Apple ќе донесе малку поголеми батерии на некои модели на iPhone 14 оваа година.

Така, тој наведува дека обичниот iPhone 14, со екран од 6,1 инчи, ќе се напојува од батерија од 3279 mAh, што е мало зголемување во однос на батеријата од 3240 mAh што се наоѓа кај iPhone 13.

Наводно, iPhone 14 Pro ќе има батерија со капацитет од 3200 mAh, наспроти онаа од 3095 mAh што се наоѓа на iPhone 13 Pro. Она што е интересно е дека iPhone 14 Pro Max би можел да пристигне со малку помала батерија во споредба со неговиот претходник.

Споменатиот дојавувач наведува дека iPhone 14 Pro Max ќе има батерија од 4323 mAh, за разлика од iPhone 13 Pro Max кој има батерија од 4352 mAh. Секако, ова се минимални разлики, но дојавувачот истакнува дека iPhone 14 Pro Max, и покрај помалата батерија, треба да понуди околу два часа подолга автономија од неговиот претходник.

И, конечно, информации за сосема нов модел – iPhone 14 Max. Дојавувачот вели дека овој телефон ќе има батерија од 4325 mAh. Доколку оваа информација се покаже како точна, овој модел ќе има најголема батерија меѓу моделите на iPhone 14.

Секако, сите горенаведени информации мора да ги земеме со одредена резерва, бидејќи има уште многу време до претставувањето на серијата iPhone 14.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More