17.8 C
Skopje
Monday, August 15, 2022

Самоутепанството на Мицкоски

Најчитани вести

Од: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ако Мицкоски го „свитка“ некој, тоа нема да биде некој од неговите политички неистомисленици. Сосема извесно е дека тоа ќе биде некој од неговото најблиско опкружување. И сигурно нема да биде со куршум, туку со малку повишен тон или, евентуално, шамар или клоца. Од неговиот шеф или од претендентите на „првата фотелја“ во Белата палата. Но, најверојатно, за да биде „елиминиран“, ќе биде доволно да му се испрати само еден СМС.

Не е Мицкоски со таква политичка „граѓа“ за некој да сака да го убие. Најмалку оние што се на власт. Па тој работи за власта! Добро, неговите намери се токму спротивни, но ефектот е таков – Мицкоски постојано ѝ помага на власта!

Неговата бескрајна желба да биде страдалник и жртва, за сите да го сожалат е илустрација за неговиот карактер. Тој е вљубен во себе на многу чуден начин. Секако не му недостасува патетика, ама онаква, народњачка, комична патетика. Турбофолкерска.

Да се разбереме, пукање со огнено оружје е загрозување на човечки животи, дури и ако е славеничко, на свадба или после изборна победа. Па нека е и за театар, договорен меѓу коалициски партнери, како што некои тврдат, тоа е крајно неприфатливо. И треба најостро да се казни, според законите. Оружјето мора да исчезне од животот на цивилното население.

Истото важи и за политичкото насилство што им стана главна доктрина на дејствувањето на партиите што се сега во опозиција. Може само да се замисли степенот на насилство што го предвидуваат кога би се дограбиле до власт.

Што се однесува до „атентатот“ на „кнез Мицко“, кога слегна прашината од засилениот марш на партиските пешадинци и кога се крена облакот од пропагандно испарување, се сетив на неговото селфи од болница, кога од вратот си вадеше масно ткиво. Тогаш, тој со разголено селфи од болничката постела, ја извести јавноста за уште едно свое херојство – отстрани масно ткиво од вратот, опкружен со целиот лекарски „конзилиум“, сосе цел еден кардиолог.

Тоа беше урнебесно комична ситуација. Мислев дека тогаш го досегна врвот, но по „атентатот“ што го „изведе“ човек од неговиот коалициски партнер (6 јули 2022), се уверив дека Мицкоски има поголеми „страдалнички“ идеи. Но планирањето му е слаба страна („занемарује тактику“). Наместен атентат се планира со исто толку внимание како и вистински, ако не и повеќе. Се планира со месеци и се изведува во голема тајност. Дури и тогаш е неизвесен исходот. Вака, ептен, не ја бива. Дури и штитеничката на Мицкоски, молчаливара скопска градоначалничка Данела, побрза да упати порака дека нема врска со оваа операција и брзопотезно го отпушти дури и братот на коалицискиот „атентатор“.

А ако погледнеме како течела целата „операција“ за „атентат“ врз нашиов кутар „страдалник“, ќе се смееме уште повеќе. Но доста беше смеење за еден ден. Соопштението на Арсовска, всушност, сосема доволно говори за тоа.

Дека постапката на Арсовска е прст во окото на Мицкоски (мини атентат) сведочи и брзата реакција на вмровскиот агитпроп офф.њет кој побрза да ја прекори градоначалничката со наасловот „Чуму вакви глупости, Данела?“

Кој ли му смести вакво нешто? Дали е тоа „ингениозниот“ рашист кого еден твитерџија го помеша со џогер? Ништо чудно.

Сигурно оние вмровци кои ги негуваат старите добри „машки“ традиции на физичко насилство се вон себе од огорченост. Стасаа дотаму, нивниот „кнез Мицко“ да ги употребува „мускулчињата“ на лажната Левица за да ја урива македонската иднина во ЕУ. И „херојски“ се подложува на хируршкиот нож на Затоа велам, не му се пишува добро, но „каменот од блиску ќе му дојде“ и нема да биде во форма на атентат.

Во своето интервју, и поранешната пратеничка на вмро, Нола Исмајлоска-Старова за ЦИВИЛ Медиа изјави дека партијата на Мицкоски веќе одамна била во преговори за истите решенија, како и оние цо францускиот предлог.

И додека се привршуваше овој текст, не дојде камен, туку торпедо. Од блиску. Еден од лидерите на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари прво ја „нанишани“ Данела:

„Ако е точно дека директорот на Комуналец е разрешен, тука завршува нашата соработка со Данела во Град Скопје. Ова е мој личен став за кој ќе се залагам во раководството на Алијанса.“ (ТВ 24)

А потоа го дотепа и Мицкоски, велејќи дека не станувало збор за никакво нарачано убиство. Според него, човекот со пиштолот е член на Алијанса, бил револтиран што претходниот ден демонстрантите му го демолирале хотелот.

Секако, во комбинација останува и сценариото за договорен „атентат“. Како и да е, Мицкоски изврши (уште еден) автоатентат, што е нова појава во политичкото дејствување во историјата на светот. Ете, барем една утеха за „кнез Мицко“.

Но стратегијата за уривање на францускиот предлог, преку насилни протести и предизвикување меѓуетнички тензии и судири, дава слаби резултати. Дури и на Таравари и Данела им прекипе од „страдалникот“ Мицкоски и неговите акробации.

Што ли ќе смисли сега здружениот агитпроп на „љубовниот“ пар Мицкоски – Апасиев? Здравствуй, Москва! Вы нас слышите?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com