17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Самостојна изложба „Лирски експресии“ на Владимир Величковски

Најчитани вести

Денеска во 19 часот ќе се отвори самостојната изложба „Лирски експресии“ на Владимир Величковски.

На изложбата, Величковски ќе се претстави со селекција од слики и цртежи што ги има работено во изминатите неколку години.

На отворањето на изложбата, Величковски ќе го изведе и социјалниот перформанс „Идентитет“.

Во својот осврт кон творештвото на Величковски, Вера Симовска истакнува – „Величковски, сопствената вибрација на личното егсистирње и откритието дека постои како свесно суштество ја изразува преку сликарски потези со повлекување на линии кои кореспондираат со неговата свест-потсвест како уловени музички вибрации или бранови на менталното искуство под инспирација на одредена музика. Боите и повлечените линии можат да дадат форми што само се наѕираат или да доловат одредени ликови. Секоја боја е можност да се повлече линијата на животот, односно да се даде печат на уште едно искуство.

Во сопствените сликарски потези Величковски како да ги кине тие линии за веднаш потоа да ги поврзе или преклопи, да ги надодаде или да ги прикрпи со нови кои доаѓаат од сите страни на универзумот, но и од сите притиснати делови на телото и умот. Начинот на кои ги поврзува или одврзува тие фатени звучни линии на бојата –далечина е израз на неговото сопствено преиспитување, негово себекритикување.

Владимир Величковски е македонски сликар, историчар на уметноста, универзитетски професор, ликовен критичар.

Тој досега објавил повеќе од 80 монографии и книги од областа на ликовните уметности, од кои најголемиот дел се монографските изданија. Тој по вокација е сликар, и автор на повеќе тематски и групни изложби.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com