Home » Самка Ибраимовски: Ќе започнемe операција во којашто ќе докажеме дека овој попис е фалсификуван

Самка Ибраимовски: Ќе започнемe операција во којашто ќе докажеме дека овој попис е фалсификуван

by Журнал.мк

Овој попис е срамота  и ние не го признаваме и тој што го спровел треба кривично да одговара, вели Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77. 

Тој најави нов попис кој од куќа на куќа ќе го спроведат Ромите во Македонија.

„Ние ќе се жалиме до странските амбасади до Брисел и Вашингтон и наскоро ќе започнемe операција во којашто ќе докажеме дека овој попис е фалсификуван и дека Ромите наместо реално да бидат над 7 проценти како трет по број етникум во државата, се катастрофално оштетени“, вели Ибраимовски. 

Тој смета дека целиот попис е направен со една цел, како да се обезбедат и фризираат бројките и потребниот сооднос на застапеност на Албанците.             

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk