13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Самитот во Словенија ќе мине без обележја на Косово

Најчитани вести

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, в среда ќе учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија, каде што ќе бидат присутни и претставници на Приштина. Бидејќи Шпанија не го признава Косово, нема да има симболи на земјата.

Како што беше објавено, Санчез утре ќе отпатува за Љубљана на состанок на лидерите на Европската унија во пресрет на самитот што ќе се одржи со претставници на Западен Балкан.

Последен пат тогашниот претседател на Шпанија, Маријано Рахој, беше поканет на таков собир во 2018 година, но тој одлучи да не присуствува поради учеството на претставниците на Приштина, потсетува каталонскиот весник „Ел Периодико“.
На тој самит, беа отстранети сите симболи на Косово, и тоа, по барање на Шпанија, што ќе се повтори в среда во Словенија, пишува каталонскиот весник.

Заедно со Шпанија, Косово не е признато од Грција, Романија, Кипар и Словачка.

Шпанската влада објави дека оваа недела самитот не се одржува за да се зборува за можноста за проширување на членството, туку за односите на Европската унија со земјите од Западен Балкан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com