Салма Хаек важи за една од најубавите актерки во светот. Луѓето ја обожаваат поради нејзината природност, а сега откако ја објави оваа фотографија, симпатиите уште повеќе се зголемија.
Таа објави фотографија на која гордо покажува знаци на стареење, придружувајќи им се на се поголемиот број актерки кои престануваат да ја кријат седата коса.
– Се будам и бројам колку побелени влакна и брчки утрово ја „уништија“ забавата“, напишала 56-годишната актерка со фотографијата која собрала повеќе од 200.000 лајкови.
Иако сме навикнати ретко да гледаме големи ѕвезди без шминка, 57-годишната Селма е меѓу оние кои целосно плени со својот природен изглед.
На фотографијата јасно се гледаат седите влакна кои прекрасно ги исшарале нејзините шишки и неколкуте брчки на челото кои гордо ги покажа, а дополнително ги истакна со утринското сонце.
– Благодариме што сподели, убаво е да се види дека и најубавите и најпознатите жени исто стареат – гласи еден од коментарите.