17.8 C
Skopje
Monday, October 3, 2022

Сали: Се работи на нов закон за медицински сестри со кој ќе обезбедиме услови за да не си заминуваат од земјава

Најчитани вести

Очекуваме во јули покачување на платите, тоа е скалестото покачување коешто е договорено со Синдикатот за здравство и сите останати синдикати. Овие две мерки што ги кажав се дел од сите нивни барања за унапрадување на условите за работа и причините за останување во земјата, изјави министерот за здравство
Знаеме дека има потешкотии, знаеме дека има незадоволство, меѓутоа систематски работиме едно по едно да ги решаваме нивните барања, истакна министерот за здравство Беким Сали на денешното одбележување на Меѓународната недела на сестринството, осврнувајќи се на барањата на медицинските сестри.

Тој посочи дека е формирана работна група која подготвува нов закон за оваа професија на предлог на Здружение на сестри. Од Здружението добиле нацрт-текст кој тие го подготвиле и со секторот правни работи во Миниистерството се координираат за понатамошното работење околу законот.

„Очекуваме во јули покачување на платите, тоа е скалестото покачување коешто е договорено со Синдикатот за здравство и сите останати синдикати. Овие две мерки што ги кажав се дел од сите нивни барања за унапрадување на условите за работа и причините за останување во земјата“,

изјави Сали.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com